Интервју со Дипл. Фармацевт Сања Кокалова

 

Во последните денови од 2020 година, ја посетивме Аптека Прима Фарм од Гевгелија. Во работен амбиент ги затекнавме вработените на своите места каде што храбро ја работат својата работа што пак и не е многу едноставно да се работи во новонастанатата ситуација годинава. Таму поразговаравме со Дипл. Фармацевт Сања Кокалова - сопственик на Аптека Прима Фарм - Гевгелија. Во смирен и опуштен разговор Сања ни раскажа како се справува со пандемијата, но и како го поминува слободното време надвор од работното место.

 

Колку време Аптека ПРИМА ФАРМ - Гевгелија постои на пазарот?

Aптека ПРИМА ФАРМ постои и работи од 2008 година.

 

Што ве инспирираше да ја одберете фармацијата за ваша професија?

Во оваа професија се заљубив уште од моето детство. Тогаш градската аптека во Гевгелија беше синоним за угледност и стручност, а до денес оваа професија за мене претставува една од најграциозните професии.

 

Што мислите, што е тоа што пациентите највеќе го препознаваат во вашето работење?

 - Нескромно ќе кажам , тоа е ДОВЕРБАТА која сум ја стекнала односно сме ја стекнале како тим, поради несебичната грижа за пациентите и врвните стручни фармацевтски совети , а за понатаму ќе ги издвојам љубезниот, искрен и опуштен пристап кон пациентите.

 

Членка сте на Plus Pharma Аптеки маркетинг концептот кој постои на пазарот веќе 5 години, сметате ли дека е неопходен заеднички настап на пазарот за поголема видливост и препознатиливост и поголем бенефит за пациентот?

Plus Pharma концептот е одличен , затоа што на пациентот му нудиме лекови од врвни квалитетни производители и атрактивни сезонски производи по пониски цени. Значи да прецизирам - НАЈДОБРИ БРЕНДОВИ И ПОНИСКИ ЦЕНИ.

Колку новонастанатата ситуација ја промени Аптека ПРИМА ФАРМ – Гевгелија во однос на досегашното работење?

Аптека ПРИМА ФАРМ успешно се прилагоди на новонастанатата ситуација , поради брзата адаптација и борбениот несебичен ентузијазам за доброто на сите нас.

 

Кои совети би ги упатиле на идните фармацевти што би се одлучиле за оваа професија?

Идните фармацевти би ги посоветувала секогаш да ги подместуваат границите на сопственото знаење, да се истакнуваат со нивната креативност и да не го заборават најглавниот двигател на оваа професија -
ХУМАНОСТА.

 

Со оглед на тоа дека секојдневно поминувате многу време со пациенти, Ви останува ли време и енергија за себе надвор од Вашата професија? 

- Да секако , тоа време е посветено за мене и мојата фамилија и секако за пријателите. Карактерно сум екстремно позитивна и весела личност, така да музиката завзема огромен дел од мојот живот, не само како хоби туку и како oдлична терапија за душа и тело.