Во последните денови од 2020 година, ја посетивме Аптека Прима Фарм од Гевгелија. Во работен амбиент ги затекнавме вработените на своите места каде што храбро ја работат својата работа што пак и не е многу едноставно да се работи во новонастанатата ситуација годинава. Таму поразговаравме со Дипл. Фармацевт Сања Кокалова - сопственик на Аптека Прима Фарм - Гевгелија. Во смирен и опуштен разговор Сања ни раскажа како се справува со пандемијата, но и како го поминува слободното време надвор од работното место.
Колку време Аптека ПРИМА ФАРМ - Гевгелија постои на пазарот?
- Aптека ПРИМА ФАРМ постои и работи од 2008 година.
Што ве инспирираше да ја одберете фармацијата за ваша професија?
- Во оваа професија се заљубив уште од моето детство. Тогаш градската аптека во Гевгелија беше синоним за угледност и стручност, а до денес оваа професија за мене претставува една од најграциозните професии.
Што мислите, што е тоа што пациентите највеќе го препознаваат во вашето работење?
- Нескромно ќе кажам , тоа е ДОВЕРБАТА која сум ја стекнала односно сме ја стекнале како тим, поради несебичната грижа за пациентите и врвните стручни фармацевтски совети , а за понатаму ќе ги издвојам љубезниот, искрен и опуштен пристап кон пациентите.
Членка сте на Plus Pharma Аптеки маркетинг концептот кој постои на пазарот веќе 5 години, сметате ли дека е неопходен заеднички настап на пазарот за поголема видливост и препознатиливост и поголем бенефит за пациентот?
- Plus Pharma концептот е одличен , затоа што на пациентот му нудиме лекови од врвни квалитетни производители и атрактивни сезонски производи по пониски цени. Значи да прецизирам - НАЈДОБРИ БРЕНДОВИ И ПОНИСКИ ЦЕНИ.
Колку новонастанатата ситуација ја промени Аптека ПРИМА ФАРМ – Гевгелија во однос на досегашното работење?
- Аптека ПРИМА ФАРМ успешно се прилагоди на новонастанатата ситуација , поради брзата адаптација и борбениот несебичен ентузијазам за доброто на сите нас.
Кои совети би ги упатиле на идните фармацевти што би се одлучиле за оваа професија?
- Идните фармацевти би ги посоветувала секогаш да ги подместуваат границите на сопственото знаење, да се истакнуваат со нивната креативност и да не го заборават најглавниот двигател на оваа професија -
ХУМАНОСТА.
Со оглед на тоа дека секојдневно поминувате многу време со пациенти, Ви останува ли време и енергија за себе надвор од Вашата професија?
- Да секако , тоа време е посветено за мене и мојата фамилија и секако за пријателите. Карактерно сум екстремно позитивна и весела личност, така да музиката завзема огромен дел од мојот живот, не само како хоби туку и како oдлична терапија за душа и тело.