Третина од фармацевтите размислувале целосно да ја напуштат професијата, седумдесет и два проценти од фармацевтите велат дека нивната работа има негативно влијание врз нивното ментално здравје, додека девет десетини се изложени на висок ризик од исцрпување, открива ново истражување.
Годишното истражување за менталното здравје и благосостојба на Кралското фармацевтско друштво, објавено овој месец, покажува мала промена во однос на минатата година, кога 74% изјавиле дека работата влијае на нивниот квалитет на живот.
Осумдесет и девет проценти велат дека се изложени на висок ризик од исцрпеност во истражувањето оваа година, наспроти 80 проценти во 2019 година. Третина размислувале да го напуштат работното место, додека пак другата третина размислувала за целосно напуштање на професијата.
Зголемената побарувачка на пациентите, несоодветниот персонал, долгите часови и недостаток на паузи и слободно време се некои од факторите кои ги наведуваат фармацевтите.
Кризата со вирусот Ковид-19 донесе дополнителна штета на благосостојбата оваа година, 54% се соочуваат со лошо ментално здравје како резултат на пандемијата и 31% го опишуваат влијанието како значајно.
Додека 57% од работодавците нудат поддршка за менталното здравје и благосостојба, 44% од фармацевтите се двоумат дали да побараат помош поради загриженост околу доверливоста, стигмата и можното штетно влијание врз нивните кариери.
„Неверојатно тешка“ година за фармацевтите.
Одговарајќи за наодите на социјалните медиуми, главниот фармацевтски службеник во Англија, Кит Риџ, рече дека извештајот е „корисен за проценка на притисокот под кој се наоѓаат луѓето“ и дека сите работодавци треба многу внимателно да ги испитаат резултатите од оваа анкета и да се уверат дека прават се што е можно за да ја ублажат загриженоста на вработените “.
Претседателката на РПС, Сандра Гидли, рече дека пандемијата е „неверојатно тешка и предизвика огромен стрес и зголемен обем на работа за тимовите на аптеките“.
„Имањето на соодветен број на вработени со различни вештини и квалитети е од особена важност за да се даде ефективна грижа на пациентите.“.
Г-ѓа Гидли рече дека треба да се работи повеќе за да бидеме сигурни дека професијата е инклузивна и добредојдена за сите средини, додавајќи дека РПС ќе ги презентира своите наоди пред владите и телата на НХС "за да создаде потребна промена".
Извршниот директор за поддршка на фармацевтите Даниел Хант рече: „Загрижувачко за нас од овие резултати е што постојат голем број бариери за пристап до поддршка на менталното здравје и благосостојба за фармацевтите и студентите на фармација.
„Иако причините што стојат зад ова можеби не се секогаш јасни, голем процент укажува на недостаток на свест и загриженост околу доверливоста и стигмата“.