Дпл. Фармацевт Сања Кокалова - "Tелесна Tемпература"

 

Телесната температура e нашиот одбранбен механизам и потполно индивидуална карактеристика. Немаме сите иста нормална телесна температура! Нормална телесна температура за деца до 10 год. е од 35.5°C до 37. 8°C. Најчесто мерење е под пазуви, а најточно е ректалното мерење. Мерењето под пазуви треба да трае 5-10 мин.

СЕПАК НАЈВАЖНО Е КАКО СЕ ОСЕЌАМЕ.

Додатен показател за состојбата на човекот при зголемена телесна температура е мерење на пулсот. Ако е непропорционално брз во однос на телесна температура, можно е да се работи за бактериска инфекција.

Телесната температура се намалува со лекови т.н антипиретици, но сепак внимателно со нив, затоа што тие исто така делуваат и на имунитетот односно го НАМАЛУВААТ!

АЛКОХОЛОТ како метод за намалување на телесна температура не е ефикасен!

Топлите купки се краткотрајни. Ако телесната температура е покачена повеќе од 3 дена, итно да се посети доктор.

Константната температура не е алармантна, туку наглите промени се стресни за организмот.

- Дипл. Фармацевт Сања Кокалова
 
Аптека ПРИМА ФАРМ - Гевгелија
- Здравјето заслужува повеќе!