Хипотензијата или низок крвен притисок претставува чест проблем со кој се среќаваат многу луѓе. Се дефинира како притисок со вредности од околу 90/60 mm/Hg. Иако намалениот крвен притисок е состоја која можеби не е толку алармантна како хипертензијата (висок крвен притисок), сепак претставува состојба на која треба да и се придаде значење.
Меѓутоа промена во одредни животни навики можат да придонесат за регулирање на нискиот крвен притисок.
Како безбедно да го зголемите нискиот крвен притисок:
- консумирајте повеќе вода и освежителни сокови, особено во топлите летни денови;
- зголемување на внесот на сол: во случајот со нискиот крвен притисок, натриумот може да придонесе за зголемување на притисокот, но сепак треба да се консумира разумно;
- консумирање пијалоци на база на кофеин: пиењето пијалоци како кафе и чај може краткорочно да го зголемат притисокот, сепак и овие пијалоци треба да се консумираат во умерени количини;
- зголемете го внесот на свежа храна: одредени видови на храна можат да помогнат во регулирањето на нискиот крвен притисок како храна богата на витамин Б12 (житарки, јајца, пилешко месо, риба особено туна), храна богата со фолна киселина;
- бидете редовно физички активни: спортските активности како јога и медитација делуваат благопријатно на крвниот притисок;
- чаша црвено вино е во корист на нискиот крвен притисок;
Што треба да се избегнува при низок крвен притисок:
- избегнувајте алкохолни пијалоци: алкохолот може доплнително да го намали крвниот притисок ,затоа лица со низок крвен притисок се советуваат да избегнуваат употреба на големи количини алкохол;
- избегнувајте нагло станување поради ризиокот од вртоглавица;
- туширање со топла вода;
- седење или стоење подолг период;
За дополнителни прашања во врска со оваа тема слободно можете да се обратите во нашата аптека.