Како да се справите со низок крвен притисок | М-р. фарм. Марија Гаралоска

 

Нискиот крвен притисок е проблем со кој се соочуваат голем број на луѓе. Низок крвен притисок се дефинира како притисок кој е помал од 60 со 90 mmHg.

Иако можеби не е застрашувачкии безопасен сепак доколку е изразито низок може да предизвика здравствени проблеми. Ако дојде до појава на нелагодност тоа може да значи дека делови од телото не се снабдуваат со доволно крв.

Постојат многу природни начини за покачување на крвниот притисок при што се подразбира и менување на животните навики.

 

Затоа е потребно да се практикуваат следните совети:

  • Конзумирајте доволна количина на вода, овошни сокови и други освежителни пијалоци. Тука може да се спомене дека најдобро е да се конзумира сок од домати.
  • Јадете солено. Солта го покачува крвниот притисок, но таа треба да се конзумира во разумни количини.
  • Да се нзбегнува нагло станување. Поради недоволно крв во мозокот може да дојде до вртоглавица па затоа да не се практикува брзо и нагло станување.
  • Конзумирајте кафе и кофениски чаеви. Иако кафето краткорочо го зголемува крвниот притисок сепак може да се користи.
  • Користете производи кои во својот состав содржат Жен Шен. Ова растение го подобрива расположението и делува благотворно на крвниот притисок.
  • Практикувајте спорт и спортски активности. Тука да се спомене јогата и медитацијата бидејќи делуваат добро во корист на крвниот притисок. Исто така прошетки во природа на чист воздух и дружба со пријатели.
  • Конзумирајте црвено вино. Црвеното вино го покачува крвниот притисок. Добро друштво со една чаша црвено вино на ручек делува позитивно на притисокот.
  • Избегннуваје долг престој во затворении простории.

На крај мислете на позитивни работи, смејте се, дружете се, бидете опкружени со позитивни луѓе затоа што смеата е пола здравје.