Доказите обезбедуваат силна поддршка за аргументот дека голем дел од карциномите се резултат на фактори на животната средина и може да се спречат со модификација на животниот стил, велат д-р Мингјанг Сонг, истражувач и епидемиолог во општата болница во Масачусетс и Едвард Гиованучи, вонреден професор по медицина во медицинското училиште во Харвард.
5-10% од сите случаи на карцином може да се препишат на генетски дефекти, додека останатите 90-95% имаат корени во околината и начинот на живот.
Сонг и Гиованучи, користејќи податоци од 136,000 мажи и жени запишани во студијата за здравјето на медицинските сестри или во студијата за следење на здравствените професионалци, дефинирале строго здрав живот во компарација со пушење и пиење алкохол како два големи агенси за рак, исто така ја земале и прекумерната тежина која влијае на ризикот од карцином.
Групите со висок ризик биле 25-33% повеќе предиспонирани да заболат од карцином и 44-48% со поголема веројатност да починат од истиот.
Здравиот начин на живот може да спречи до 70% од карциномите, се вели во студијата.
Во придружниот едиторијал, Грахам Колдиц - доктор по медицина и Сиобхан Сатклиф - истражувач на јавното здравство на медицинскиот факултет во Вашингтон, напишаа:
„Како општество, треба да избегнуваме одолговлекување предизвикано од ставовите дека случајноста го предизвикува целиот ризик од карцином или дека се потребни нови медицински откритија за да се постигнат големи придобивки против ракот. Наместо тоа, ние мора да ја прифатиме можноста да го намалиме нашиот колективен данок на карцином со примена на ефективни стратегии за превенција и промена на начинот на живеење“.
За правилна превенција од карцином, мора да посветиме внимание на:
- Престанок на пушење
- Без алкохол
- Ограничување на калориите
- Вежбајте
- Зголемен внес на овошје и зеленчук
- Избегнување на директна сончева светлина
- Редовни прегледи
Аптека Амброзија - Радовиш
- Здравјето заслужува повеќе