Потребата на организмот за чиста вода е околу 2 литри на ден, во исто време, мора да имаме предвид дека газираните пијалоци, сокови, чај, а особено алкохолот и кафето, не се ниту хемиски ниту физиолошки исти со чиста вода, ниту можат да ја заменат.
Ако редовно не внесуваме доволна количина на вода и ако тоа помине во секојдневна практика која трае со години, нашето тело полека, но сигурно ќе дехидрира.
Ова доведува до физиолошки одговор на голем број механизми на организмот за заштита од дехидрираност и до соодветни промени во функционирањето.
Тука ќе се концентрираме на влијанието на дехидрираноста врз крвните садови, чие здравје е од суштинско значење за здравјето на срцето.
Кога во телото не се внесува доволно течност, крвта, како воден раствор, станува погуста. Според принципот на осмоза, крвта потоа почнува да црпи вода од клетките на крвните садови.
Секоја клетка, сепак, има примарен механизам, што може да се каже, „постар“ и го штити организмот од дехидрираност - а тоа е создавање на „цигли“ холестерол кои спречуваат водата да истекува од ќелијата!
И така, помалку внес на течности - доведува до зголемување на количината на холестерол на sидовите на крвните садови, и ова е познато како блокада, што за жал, доведува до постепено намалување на снабдувањето на крв во срцето и прогресивно влошување на срцево ткиво.
Па така, пациентите кои страдале од висок крвен притисок и холестерол, успеале да ги решат овие проблеми само со зголемен внес на вода. Звучи неверојатно, но тоа е вистина, што е прикажано со документација во медицинските истории и сведоштвата на самите пациенти.