Најновите откритија од големата студија во Велика Британија за Covid-19 сугерираат дека одговорот на антителата кон вирусот се намалува со текот на времето по инфекцијата. За период од три месеци, процентот на луѓе кои биле позитивни на антитела се намалил за 26,5%.
За време на три - етапно тестирање спроведено како дел од студијата REACT-2, 365,000 случајно избрани возрасни лица се тестирале со боцкање на антитела во прст (имуноанализа на страничен проток) помеѓу 20 јуни и 28 септември.
Тестовите од сите три етапи биле извршени приближно 12, 18 и 24 недели по најголемиот број на случаи на почетокот на април.
Резултатите покажуваат дека преваленцата на антитела во заедницата во Англија се намалила од 6,0% во првата етапа, на 4,8% во втората етапа и 4,4% во третата етапа во текот на трите месеци на студијата. Бројките претставуваат 17.576 позитивни резултати од 365.104 учесници.
Се покажал значителен пад на процентот на позитивни тестови за антитела забележани во сите региони. Имало постепен пад на преваленцата во целина, освен кај здравствените работници каде преваленцата не се менувала со текот на времето. Ова може да рефлектира поголема почетна изложеност или зајакнување од повторено изложување.
Се покажал значителен пад на преваленцата помеѓу првата и третата етапа во сите возрасни групи, со најмал вкупен пад кај најмладата возрасна група од 18-24 години (-14,9%), и најголем кај оние кои биле 75 години и постари (-39,0%)
Оние кои не пријавиле историја на Ковид-19, покажале најголемо пропорционално опаѓање на преваленцата на антителата, со намалување на преваленцата од првата етатпа до третата од 64,0%, во споредба со 22,3% кај оние со потврден Ковид-19.
И покрај овие најнови докази, останува нејасно дали антителата обезбедуваат некое ефективно ниво на имунитет или, доколку постои таков имунитет, колку долго може да трае.