Во текот на летниот период поради високите температури, патувањата и промените во исхраната се зголемува ризикот од гастроинтестинални инфекции. Овие фактори можат да влијаат врз рамнотежата на цревната микробиота.
Пробиотиците се корисни живи микроорганизми кои придонесуваат за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора и имаат значајна улога во зачувувањето на здравјето. Во летниот период нивната важност е особено изразена поради високите температури и зголемениот ризик од гастроинтестинални инфекции. Најчесто се користат бактерии од родовите на Lactobacillus i Bifidobacterium како и квасницата Saccharomyces boulardi.
Во текот на летото почесто се консумира свежа храна, сладолед и пијалоци, а храната е повеќе изложена на расипување поради топлината. Ова може да доведе до стомачни тегоби, дијареа и нарушување на цревната микрофлора. Промената на исхраната и водата при патување може да предизвика таканаречена патничка дијареа. Одредени пробиотици можат да помогнат во одржување на цревната рамнотежа и намалување на дигестивните тегоби.
Голем дел од имунолошкиот систем е поврзан со цревата. Здравата микробиота придонесува за подобра одбрана на организмот од инфекции.
Пробиотиците помагаат во обновување на корисните бактерии и намалување на ризикот од дијарeа поврзана со антибиотици.
Пробиотиците помагаат во одржување на здрав дигестивен систем и го намалуваат ризикот од појава на овие проблеми.
Дополнително околу 70% од имунолошкиот систем е поврзан со цревата. Со одржување на здравата цревна флора, пробиотиците придонесуваат за подобра имунолошка функција и поголема отпорност на инфекции.
Природни извори на пробиотици се кефирот, јогурт, киселото млеко, кисела зелка и другите ферментирани производи.
Совети за здрав дигестивен систем во лето
- Консумирање на доволно течности
- Измивајте ги овошјето и зеленчукот пред употреба
- Избегнувајте сомнителна или недоволно термички обработена храна
- Чувајте ја храната на соодветна температура
- Внeсувајте храна богата со пробиотици и растителни влакна
Пробиотиците имаат важна улога во одржувањето на здравјето на дигестивниот систем. Редовниот внес на пробиотици во летниот период може да помогне во одржувањето на здравјето на дигестивниот систем, зајакнување на имунитетот и подобрување на општата благосостојба на организмот.






