Видот е нашето највредно и најважно сетило од кое добиваме околу 80% од информациите од околината.
Ризикот од развој на најчестите очни заболувања (катаракта, глауком, макуларна дегенерација и дијабетичка ретинопатија) зависат од возраста, генетиката, хроничните заболувања и секако начинот на живот и исхрана.
Здравата,правилна и балансирана исхрана е прв чекор кон добро здравје на очите. Таа треба да содржи овошје и зеленчук, односно да е богата со витамини и минерали. Тие делуваат како антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување.
Најзначајни од нив се:
-
Витамин А и бета каротен ( го има во морков, сладок корен, листест зеленчук)
-
Витамин С ( цитрусно овошје, брокула, пиперки, бобинки)
-
Витамин Е ( бадеми, кикирики, сончогледово масло)
-
Витамин од Б група ( житарки, мешунки)
-
Цинк ( месо, јајце, семки)
-
Омега 3 масни киселини ( риба – сардина, туна, лосос; ленено семе, чиа семе)
-
Лутеин и Зеаксантин ( спанаќ, блитва, брокула)
Следни чекори во превенција се:
-
Редовни очни прегледи
-
Намалена изложеност на уреди кои емитуваат сина светлина – телефони,компјутери, телевизори и др.
-
Носење заштитни очила за сонце со UV заштита
-
Повремено одмарање на очите за заштита од нивно оптоварување
-
Одржување здрава телесна тежина
-
Редовен сон
-
Прекин на пушење
-
Редовна физичка активност
-
Одржување оптимална влажност во просториите
Кога преку исхраната не можат да се внесат потребните хранливи состојки за здравјето на очите, во консултација со лекар може да се земат суплементи кои ќе обезбедат нивна дополнителна подршка.
Очите се огледало на душата и ги откриваат нашите чувства, мисли, стравови и надежи. Тие се наш прозорец кон светот и потребно е добро да се грижиме за нив.






