Воспаление на синуси

 

Синусните шуплини создаваат слуз чија улога е да ги навлажнува дишните патишта и да помага во отстранување на нечистотиите од респираторниот систем. Кога синусите се воспалени или затнати и нормалното истекување на слузта е нарушено, може да дојде до појава на непријатни, а понекогаш и болни симптоми.

Што е воспаление на синуси?

Тоа е состојба што настанува кога синусниот систем ќе се затне и не може нормално да функционира. Синусите претставуваат четири пара шуплини сместени во коските на предниот дел од черепот, над очите, од двете страни на носот, зад носната и зад јагодичната коска. Тие се обложени со тенка слузокожа која произведува слуз.

Слузта преку мали отвори се одведува во носната празнина, при што ги собира честичките од прашина, полен, бактерии и други нечистотии, а потоа се слева кон задниот дел на грлото, каде што најопасните бактерии се уништуваат со желудочната киселина.

Во нормални услови, работата на синусите е речиси незабележлива. Меѓутоа, кога слузокожата ќе се иритира или воспали, се создава зголемена количина слуз, што доведува до затнување на синусните отвори. Како последица, синусите не можат правилно да се празнат, што предизвикува главоболка, чувство на притисок и исполнетост во главата, како и слевање на слузта зад носот. Дополнително, насобраната слуз создава поволна средина за развој на бактерии.

Што го предизвикува?

Воспалението на синусите често се јавува како компликација на инфекции на горните дишни патишта, како настинка или грип. Синусната слузокожа може да се иритира и од чад, загаден воздух или алергии. Покрај тоа, деформации на носот, како девијации на носната преграда или носни полипи, го зголемуваат ризикот од развој на синусни инфекции.

Како суплементитет можат да помогнат?

Во некои случаи, воспалението на синусите предизвикано од бактерии бара лекување со антибиотици. Сепак, конвенционалната медицина покажува дека честата и универзална употреба на овие лекови, особено кај лица со хронични воспалителни заболувања на синусите кои не се предизвикани од бактерии, не го спречува повторното појавување на инфекцијата.

Суплементите можат да помогнат при лекување на акутна инфекција, дури и ако се користат антибиотици. Недостаток на некои витални хранливи материи може да го влоши воспалението, па затоа лицата со проблеми со синусите треба редовно да користат мултивитамини и мулти-минерални препарати. Препорачаните витамини и лековити растенија се особено вредни за лица со повторувачки проблеми, а не предизвикуваат несакани ефекти, како што е сувост на устата што е карактеристична за конвенционалните лекови за воспаление на синусите.

Еден од најдобрите начини за превенција и лекување на воспаление на синусите е зајакнување на имунитетот. Витамините и флавоноидите нудат дополнителна корист за лица кои развиваат алергиски реакции кои водат до воспаление на синусите. Овие супстанци го намалуваат влијанието на хистаминот и воспалителните соединенија што се создаваат како одговор на алергени.

Модерната исхрана често ја влошува воспаленоста бидејќи е богата со омега-6 масни киселини, а сиромашна со омега-3. Со употреба на рибино масло или масло од ленено семе може да се воспостави баланс меѓу омега масните киселини.

Дополнително, изберете една од следните лековити растенија кои го зајакнуваат имунитетот: ехинацеа, мачкина канџа, како и печурки како реиши и маитаки. При акутни напади се зема само една од овие лековити билки додека инфекцијата не помине. За хронични случаи, обидете се да ги земате на промена на секои две недели за да го изградите и одржите имунитетот.

Витамин C- дозирање: 500mg витамин-C и 250mg флавоноиди 2 пати на ден.

Рибино масло- дозирање: 2 кафени лажици, што обезбедува 2g омега масни киселини на ден

Еџинацеа- дозирање: 200mg екстракт четири пати на ден

Мачкина канџа- дозирање: 250mg стандардизиран екстракт , два пати на ден.

Реиши/Mаитаки- дозирање: 500mg реиши печурки или 200mg маитаки, три пати на ден

Серрапептаза е ензим кој се користи како противвоспалително средство, помага да се разгради и отстрани вишокот слуз и воспалителни протеини во синусите. Го намалува отокот и болката, особено кај хронични воспаленија на синусите. Не е антибактериски лек, туку го олеснува симптомот и ја поддржува природната одбрана на организмот.


Дополнително може да се преземат и следниве мерки:

-избегнувајте чад од цигари и преголема прашина

-пиете доволно течности да го разредите слузот

-користете навлажнувач на воздух, со кој ќе го одржувате влажен воздухот во просторијата

-ставајте топли облоги на лицето, или, користете инфрацрвена ламба со која ќе ги отвoрите синусот

-редовно испирајте ја носната слузница со иригатор за синуси кој има млака солена вода, физиолошки раствор или морска вода