 
									Во време кога сите брзаат по совршено лице, вистинскиот луксуз е природната нега. За да имаме здрава и мазна кожа, не се потребни секогаш скапи третмани или инјекции. Тајната е во секојдневната нега и во тоа како се однесуваме со нашето тело.
Прво – водата е најважна. Кожата која е добро хидрирана одвнатре изгледа посјајна и посвежа.
Второ – сонцето е и пријател и непријател. Малку сонце е добро, но премногу може да направи брчки побрзо. Затоа, крема со заштитен фактор (SPF) е задолжителна, дури и кога нема сонце.
Трето – исхраната. Кожата сака витамини, особено витамин C и E, кои се борат против стареењето. Повеќе овошје, зеленчук и помалку шеќер – тоа е вистинскиот рецепт.
И најважно – мирот и сонот. Стресот и недостигот на сон се најбрз пат до уморна кожа и брчки. Малку одмор, насмевка и позитивна енергија можат да направат повеќе од кој било филер.
A кога сме кај филерите и ботокс во последно време, во Македонија сè повеќе се зборува за филери и ботокс – тоа е нов тренд меѓу жените (а и некои мажи). Но, многумина не знаат точно која е разликата меѓу нив и дали воопшто има начин да изгледаме убаво и свежо без нив.
Која е разликата меѓу филер и ботокс?
Филери се користат за да се пополнат делови од лицето – на пример усни, образи или брчки. Тие додаваат волумен и прават лицето да изгледа помладо и „пополнето".
Трајност: Од 6 до 18 месеци, во зависност од типот на филерот и делот на лицето.
Ботоксот не пополнува – тој се користи за да ги опушти мускулите на лицето кои создаваат брчки. Со тоа, брчките се измазнуваат и лицето изгледа помирно и „одморено".
Трајност: Обично 3–6 месеци.
Изборот е ваш, но запомнете дека секојдневна нега со крема соодветна на вашиот тип на кожа и правилното чистење на лицето значително ја намалуваат потребата од поставување ботокс или филер!






