
Несоницата (инсомниа) е нарушување при кое е отежнат процесот на заспивање, како и континуираното спиење. Кај некои луѓе се случува повремено, без сериозни последици, но кај други може да трае со месеци, па и години.
Возрасните лица имаат потреба од најмалку 7 до 8 часа квалитетен сон секојдневно. На несоницата големо влијание има модерниот, брз и динамичен начин на живот.
Најчести причини за несоница се: недостаток на физичка активност, употреба на електронски уреди пред спиење, одредени лекови и здравствени проблеми. Лошиот сон доведува до замор во текот на денот, слаба концентрација и намалена продуктивност.
Долгорочните проблеми со спиењето може да имаат големо влијание на квалитетот на животот и целокупното здравје.
Негативни последици од недостаток на сон се: анксиозност, депресија, кардио васкуларни болести, дијабетес, обезност, намален имунитет.
Несоницата е проблем која може да се контролира. Прв чекор во надминување на оваа состојба е промена на животниот стил и навиките за спиење.
Совети за квалитетен сон:
- распоред на спиење и будење
- мирно опкружување (затемнет простор, тишина, соодветна температура, удобен кревет)
- техника за опуштање ( длабоко дишење, медитација)
- избегнување напорни активности, тешка храна, алкохол и кофеин неколку часа пред спиење.
Доколку несоницата трае подолго време треба да се посоветувате со вашиот фармацевт, кој може да ви препорача некој хербален лек или да се обратите кај вашиот лекар. Лековите кои се издаваат по препорака на лекар може да помогнат, но најдобро е да не се користат подолго од четири недели поради предизвикување на зависност.
Заклучок
Чувај го сонот затоа што во него се крие силата за нов ден,здравје и спокој.
Спиењето не е луксуз туку потреба за добро здравје.