Проширени ( Варикозни) вени

 

Проширените вени се појава на зголемени вени во обем и вени со јазлести проширувања. Сите вени можат да бидат проширени, но најчесто се на долните екстремитети, бидејки голем дел од тежината паѓа на нив односно притисокот кога стоиме.

Иако од оваа појава за жал сите сме засегнати, статистички најголем број заболени се од женската популација. Сепак има одредени групи на население со зголемен ризик да се здобијат со оваа појава, и тоа:

- Повозрасни лица

- Бремени жени

- Пушачи

- Обезни луѓе

- Лица со покачен крвен притисок

- Лица кои поголем дел од денот го поминуваат во стоење

- Лица со генетска предиспозиција за оваа состојба

- Повозрасни лица

Симптоми

Проширените вени не се секогаш проследени со болка. Првично може да се појави промена на бојата на периферната вена - тие се темно виолетови а подоцна стануваат испреплетени задебелени вени во вид на кабли. Како едни од најчестите симптоми за оваа состојба се:

- грчеви во мускулите

- пецкање во нозете

- болка при подолго седење или одење

- постојана потреба на чешање во пределот на вените

- црвенило

- пајакови вени

- чувство на топлина

- пулсирање

 

Појава и ризик фактор од проширени вени

Ослабените односно венските валвули се најчестиот проблем кој води до појава на проширени вени. Артериите се оние кои ја носат крвта од срцето кон сите ткива и органи, додека пак вените имаат задача ја да вратат крвта назад во срцето. И токму тука вените како свој непријател ја имаат гравитацијата.

Мускулните контрации во долниот дел на нозете ни преставуваат како еден вид на пумпа, а еластичните и специјални вени го спречуваат враќањето на крвта назад во срцето преку оние споменатите валвули. И на тој начин, доколку валвулите се оштетени односно ја намалиле својата функција, крвта се враќа и насобира во вените, предизвикувајки венско проширување.

Иако за голем број оваа појава преставува само естетски проблем, проширените вени можат да предизвикаат :

- Кожни рани (венски улцери)

- Тромбофлебит (вообичаена појава на веќе проширена вена )

Превенција и совети како до полесни и покомфорни нозе во летниот период

Иако постојат голем број на интервентни начини кои ќе ни помогнат во санирање на оваа појава (ласер терапија, венска аблација и сл.) сепак, ние и самите може да си помогнеме преку промената на животниот стил, пред се со промени во исхраната и физичката активност.

1.Физичка активност - физичката активност е најважниот фактор за здраво тело, но во оваа појава и те како е од голема важност бидејки само на таков начин ќе имаме подобра циркулација. Се препорачува тоа да биде умерена физика активност како пешачење, возење велосипед, пливање и сл.

2.Здрава храна - изборот на храна преставува и еден од најважните фактори кон здрави навики и тело полно енергија и здравје. Во оваа појава на проширени вени и те како изборот на храна ни преставува важен фактор, па така се препорачува свежа храна (овошје, зеленчук), храна богата со растителни влакна, полнозрнести житарки, јатки. Од особена важност е и храна богата со флавоноидни актиоксиданси : зеленчук (пиперка, спанаќ, брокула, лук, кромид итн) , цитрусни овошја, јаболки, какао, бобесто овошје и сл.

3. Хидратација - зголемиот внес на вода и еклетролити

4. Масажа - после секој напорен ден добро е да практикуваме масажа со лесни движења употребувајки есенцијални масла со што ќе ја подобриме циркулација во нозете.

5. Компресивни чорапи – како најдобар начин се покажало носењето на компресивни чорапи, а тие прават да ги стегнат (компресираат) вените и мускулите и за таа цел полесно да ја испумпаат крвта назад кон срцето. Носењето компресивни чорапи студиски покажале кај голем број испитаници помалку болка и непријатност во текот на денот .

6. Држете ги нозете подигнати - Подигнатите нозе во висина на срцето или над него се покажало како ефективен метод за подобра циркулација, со што се намалува притисокот во вените и мускулите, а гравитацијата успева полесно да ја пренесат крвта до срцето.