Што е ревматоиден артритис?

 

- Ревматоиден артритис е автоимуна болест на мускулно-скелетниот систем придизвикана од воспаление, остеоартритис или метаболни нарушувања во зглобовите. Ревматоидниот артритис е најчеста хронична воспалителна болест на зглобовите. Првите симптоми се јавуваат обично после 40 години, кај жените се јавува почесто одколку кај мажите, а кај децата може да се јави во форма на јувенилен идиопатски артритис.

Што се случува во зглобот?

- Причините за ревматоиден артритис сеуште не се научно разјаснети. Многу е веројатно да една од причините се генетски фактори, потоа некои бактерии и вируси во околината, ризик фактор е и пушењето, исхраната и телесната тежина. Имунолошкиот систем неможе да направи разлика меѓу сопственото и туѓото тело и го напаѓа сопственото тело. Во оваа автоимуна реакција синовиалната обвивка станува воспалена што доведува до воспалителни процеси во зглобовите, се јавува болка и утринска вкочанетост на зглобовите.

Ги зафаќа најчесто малите зглобови на прстите, рачните зглобови, стапалата и колената, но може да биде зафатен и секој зглоб. Болеста најчесто е симетрична.

Исхрана и начин на живот

- Посебна диета неможе да ја замени конвенционалната терапија но може да обезбеди позитивна подршка во лекувањето. Она што се препорачува денес е "медитеранска диета" што значи повеќе растителни масти а помалку животински масти. Значи треба да се избегнува брза храна, солена, пржена, храна богата со шеќери и конзерванси треба да се намали внесувањето на алкохол. Храна која содржи заситени масни кисилини, како што е путер, црвено месо, сирење и млечни производи треба да се избегнува.

Што е препорачливо за лица со артритис?

- Внесување на храна богата со омега-3 масните киселини – тиквички, семки од тиква, карфиол, лосос, сардина, ленено семе, ореви, маслиново масло, мешунки и полно зрнести житарки.

- користење на суплементите со доволна концентрација на рибино масло, колаген во облик на прашок, таблети или течност

- пиење на вода околу 2l дневно, пиење на зелен чај (антиоксиданс), куркума (антивоспалително дејство),

- намалување на телесната тежина

- пешачење, полесна физичка активност и вежби за раздвижување на зглобовите.