Постојат неколку корисни совети направени врз основа на истражувањата на експертите, кои покажуваат дека одредени животни навики можат да ја зголемат енергијата и да овозможат да бидеме поздрави, повитални и посреќни.
-
Зголемете го количеството на калиум
Кардиолозите препорачуваат да се намали внесот на натриум во организмот, а за сметка на тоа да се зголеми количеството на калиум. Тоа е така бидејќи количеството на калиумот го ублажува хипертензивното дејство. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат прекумерна количина натриум, а недоволно калиум, се изложени на поголем ризик од срцев удар. Исто така докажано е дека зголемувањето на дневно количество на калиум за 1600мг., го намалува ризикот од мозочен удар за 21%.
Препорачано количество на калиум на ден е 4700мг. Извори на овој минерал се какаото, суви кајсии, риба, суви сливи, спанаќ, јогурт, компир и др.
-
Станете и бројте до 60
Искуството покажало дека ниту интензивниот тренинг после работа не вреди многу, ако поголемиот дел од денот го поминувате во седечка положба. Од друга страна пак луѓето кои често прават пауза на работа и стануваат од столица, имаат повитка линија и пониско ниво на холестерол во крвта, подобро реагираат на инсулин, од оние кои седат со часови, без разлика со каква физичка активност се бават потоа.
За почеток доволно е да стоите додека разговарате по телефон. Стоењето нека не трае пократко од времето потребно за да изброите до 60. Смислете што повеќе поводи за да станете од работната столица и да направите неколку чекори.
-
Наутро конзумирајте храна со протеини
Протеините го уверуваат мозокот и желудникот дека се оптимално задоволени. Од друга страна, ако го пропуштите појадокот, покасно во текот на денот се поголеми шансите да посегнете по масна и нездрава храна. Се разбира, внесот на повеќе калории подразбира и вишок килограми. Поради тоа, експертите препорачуваат протеините да се внесуваат наутро, а никако навечер. Конзумирајте високопротеински појадок, како тврдо варени јајца, јогурт, бадеми или семки кои се богати со протеини и корисни масни киселини.
-
Рани оброци, рано во кревет
Истражувањата покажуваат дека оние луѓе кои доцна во ноќта остануваат будни и подоцна заспиваат, јадат повеќе брза храна и конзумираат повеќе калории навечер. Утврдено е дека колку повеќе калории се внесуваат навечер со тоа расте и „боди мас индексот’’ (БМИ).
Една од најлесните работи кои човек може да ги направи за себе е секој ден да легнува и да станува во исто време. Организирајте ја и исхраната, така што ќе се потрудите да јадете оброци секогаш во исто време, секој ден. Избегнувајте да консумирате храна навечер и немојте да го преспивате доручекот.
-
За да се чувствувате подобро – замислете нешто полошо
За промена, немојте да ги собирате сите добри работи во својот живот, почнете нешто и да одземате. Неколку минути поминете во свесно размислување каков би бил вашиот живот без луѓето и работите кои ги сакате. Потоа, ќе почувствувате посилна љубов, благодарност и среќа поради добрите работи, а саканите луѓе ќе ви бидат посебни.
-
Разладете се за добра ноќ
Експертите се сложуват дека падот на телесната температура е еден од условите за да потонете во квалитетен сон. Затоа температурата во спалната соба несмее да биде поголема од 18 степени. Исто така, истуширајте се со малка вода половина час пред спиење, разладете го телото.
-
Посветете повеќе внимание на брачниот партнер
Освен што поминувате квалитетно време со вашите деца, посветете внимание и на вашиот брачен партнер, како и на други возрасни луѓе. Бракот во кој владее љубовта мора постојано да се освежува со нови приказни, искуства и спомени.
-
Забрзајте го метаболизмот
Чили пиперчињата се многу повеќе од состојка во храната. Активната состојка во нив, капсицин, го стимулира метаболизмот еден час по оброкот. Конзумирањето на зачинета храна помага брзо да се заситите, да не се прејадете, а пиперките се богати и со витамин „Ц’’.
-
Применето го правилото „20 секунди’’
Која е разликата помеѓу поставување и остварување на целта? Психолозите тврдат дека тоа се состои во само 20 секунди. Зошто? Кога би можеле да ги надминеме овие 20 секунди потребни за да започнеме некоја задача, би биле повеќе истрајни и за да ја завршиме задачата. На пример, ако сакате наутро да вежбате, претходната ноќ оставете ги патиките и тренерките покрај креветот.
Смислете начин да се мотивирате, да го забрзате и да си го олесните остварувањето на некоја цел на овој начин.
Животот е убав кога сме позитивни и полни со здравје и енергија. Животот е еден и единствен. Живеј го својот живот.