Лајмска болест - Борелиоза

 

Борелиозата е инфекција предизвикана од бактеријата Borrelia burgdorferi, а се пренесува преку угризување од крлеж, кој предходно се хранел со инфицирано месо. Крлежите се многу ситни, многу често се со големина на зрно од афион, а се зголемуваат кога ќе се напијат крв.

Обично, првиот знак е ширење на тркалезна егзема која отекува до пречник од 10cm и исчезнува по неколку недели. Кај некои случаи егземата може да биде со различен облик или воопшто да не се појави. Другите почетни симптоми се: симптоми на грип како, замор,главоболка,температура, болки во грлото, треска и болки по целото тело, исто така може да има болки во зглобовите без отекување. Кај околу половина од болните кои не се лекуваат, оваа болка во зглобовите се враќа за околу шест месеци како болен артритис со отекување, најчесто на едното колено. Некои болни доживуваат низа од други симптоми, како што се вкочанетост во вратот,главоболки, чувствителност на светлина,губење на помнењето, промени во расположението, хронична слабост, одземеност на едната или двете страни на лицето...


Борелиозата тешко се дијагностицира бидејќи симптомите се случајни и неодредени (освен тркалезната егзема). За несреќа, ако оваа болест не се лекува веднаш, излекувањето може да биде тешко. До воспаление не доаѓа додека не поминат 36 до 48 часа, откако крлежот се закачил на човекот.

ЛЕКУВАЊЕ


Најдобро лекување на борелиозата во почетниот стадион е десетдневна терапија со орални антибиотици со кои се уништуваат заразните организми и се спречуваат подоцните симптоми. Ако болеста напредува, постои повторно можност да се излекува со антибиотици по орален или интравенски пат.

ПРЕВЕНЦИЈА


Ако го поминувате времето надвор на места каде што има крлежи, носете високи чевли, долги панталони и долги ракави. Намачкајте го местото околу зглобовите со средство за одбивање на инсекти. Ако работите или пешачите на места со зеленило или во шума, редовно прегледувајте дали имате крлежи, особено околу лактите, на ципите, влакнестиот дел на главата и околу половината. Ако пронајдете крлеж на кожата, веднаш отстранете го, со помош на пинцета фатете го што поблиску до кожата извлекувајќи го внимателнои постепено. Местото на каснување, дезинфицирајте го. Дури и ако делови од устата на крлежот останат во кожата, отстранувањето на телото го намалува ризиокот од зараза затоа што плунковните жлезди кои содржат бактерии се во цревата. Доколку се појави црвенило на каснатото место, одете на лекар.