Каква е врската меѓу автоимуните заболувања и исхраната?

 

Автоимуните болести претставуваат голем проблем на модерната цивилизација.

Постојат многу теории за тоа како настануваат, а повеќето од нив се поврзани со исхраната. Постојат повеќе од осумдесет автоимуни болести, но најзастапени се десет:

  • Дијабетес тип 1
  • Ревматоиден артритис
  • Псоријаза
  • Мултиплекс склероза
  • Инфламаторна болест на дебелото црево(улцерозен колитис)
  • Системски еритематозен лупус
  • Адисонова болест
  • Грајвесова болест
  • Сјогренов синдром
  • Хашимото тироидитис

Универзално решение за сите автоимуни болести не постои.

Некои од нив може да се контролираат со урамнотежена исхрана.Урамнотежената исхрана треба да вклучува:овошје,зеленчук,целозрнести житарици,нискомаслени млечни производи и здрави масти (екстра девствено маслиново масло и авокадо).

Храната богата со омега 3 масни киселини помага во намалување на воспалението.

Многу важно е редовното внесување на магнезиум (375mg дневно).

Толчницата или тушт е растение кое е најбогато со магнезиум,може да се користи во варена форма или како свежа салата.

Богати со магнезиум се семето од афион и сточниот грашок.

Маслото од црна рибизла содржи гама линоленска киселина(GLA), која е многу корисна кај мултиплакс склероза, но и кај сите други автоимуни заболувања.

Гама линоленска киселина содржат и боранијата и маслото од јаглика.

Гинкото содржи терпенски молекули (гинколиди) кои го намалуваат воспалението и ги ублажуваат алергиските процеси кај автоимуните заболувања.

На пациентите со автоимуни болести им се препорачува автоимуна диета, исхрана која содржи намирници способни да се борат против воспалението и да избегнуваат намирници кои имаат висок фактор на воспаление.

Препорака од нутриционистите за овие пациенти е примена на некој од следниве типови на исхрана:

  • исхрана со автоимун протокол
  • антиинфламаторна исхрана
  • исхрана на растителна база
  • исхрана без глутен

Исхраната со автоимун протокол уште се нарекува Палео исхрана.

Намирници кои треба да се избегнуваат се:

  • житарки мешунки
  • млечни производи
  • преработена храна и рафинирани шеќери.

Според протоколот на овојтип на исхрана се елиминираат различни групи на храна кои прават воспаление, а потоа постепено се враќаат назад.

Антиинфламаторната исхрана е многу слична на медитеранската исхрана.

Овојтип на исхрана подразбира:морска риба,маслиново масло,овошје,зеленчук,ореви,мешунки,семиња.

Исхраната без глутен се препорачува кај пациенти со целиакија,но помага и кај пациенти со други автоимуни заболувања.

Глутенот е протеин којго содржат пченицата,’ржот и јачменот.

Правилната,адекватна и урамнотежена исхрана во голема мера го подобруваат квалитетот на животот на пациентите со автоимуни заболувања.

Конзумирањето на разновидна храна која во голем процент вклучува:овошје,зеленчук,немасно месо,риба и интегрални житарици им помага на пациентите со автоимуни заболувања да се чувствуваат поздраво и со повеќе енергија.