Слабеење - Како до посакуваниот резултат | Фарм. Тех. Стефан Шијаковски

 

Како што доаѓаат топлите денови, така се појавува и желбата за витко тело за престојното лето. Во потрага за идеалното решение за топење на мастите и намалување на телесната тежина ќе дојдете до безброј информации, диети, совети кои најчесто ќе ве збунат.

Напротив целиот процес може да биде едноставен, забавен и вкусен.

 

Како што доаѓаат топлите денови, така се појавува и желбата за витко тело за престојното лето. Во потрага за идеалното решение за топење на мастите и намалување на телесната тежина ќе дојдете до безброј информации, диети, совети кои најчесто ќе ве збунат. Напротив целиот процес може да биде едноставен, забавен и вкусен.


Како до посакуваниот резултат?

 

  1. Направете визија за целта која сакате да ја постигнете и бидете дисциплинирани следните месеци, упорноста е неопходна.
  2. Јадете бавно – соџвакувајте бавно, се додека храната не е целосно соџвакана. Ни треба време да се чувствуваме полни. Со тоа ќе уживате во храната и ќе се најадете со помала количина храна.
  3. Исфрлете ги преработените продукти од вашата исхрана. Тука спаѓа брзата храна, грицките, продукти од бело брашно, слатки работи, газираните пијалоци, алкохолот.
  4. Јадете само полни оброци, не ги прескокнувајте истите, вклучете протеини во секој оброк, тие ве заситуваат подолго време. Меѓу оброците дозволете си овошје и мала количина јаткасти плодови. Планирајте ги оброците предвреме, додавајте зачини во истите, уживајте во јадењето.
  5. Внесувајте повеќе вода, како што помага за функционирањето на организмот, така му дава чувство на телото дека е заситено, воедно жедта може да предизвика чувство на глад.
  6. Мерете ја тежината редовно, и мала промена е постигнат резултат. Со мерењето ќе знаете дали рутината која ја применувате делува или треба да направите некои измени во истата.
  7. Физичка активност – како што внесуваме калории, така и треба да ги потрошиме. Телото ни ги троши калориите со секојдневните функции, но кога е во прашање намалувањето на телесна тежина потребно е дополнително физичка активност секојдневно во зависност од можностите. Вежбањето со тежини, односно теретана е еден од најдобрите начини за трошење енергија, односно калории. Прошетка, лесен џогинг, возење велосипеф исто така ќе ви помогне.
  8. Дополнително помага и конзумирањето зелен чај. Го подига нивото на антиоксиданси во телото и неговите биоактивни супстанци влијаат позитивно ма метаболизмот. Исто така неговите соединенија го зголемуваат нивото на хормони чија функција е да ги разградуваат мастите со што истите се користат како енергија.
  9. Внесувањето доволно витамини покрај тоа што го одржува имунитетот, одредени витамини можат да ви помогнат во намалувањето на телесната тежина.

Витамин Б- примарната функција на витамините Б, специфично Б12 е да ја претвара храната во енергија. Б витамините влијаат на мозочната функција, енергијата на телото и на кардиоваскуларниот систем. Се наоѓаат во јајца, жита, банани. Исто така Б12 му помага на телото да произведува цевени крвни клетки и да носи кислород до мускулите, што е значајно за зголемување на силата, која ќе ви биде потребна за физичките активности.

Витамин Д- ја одржува цврстината на коските и ги регулира хормоните. Некои истражувања тврдат дека помага и во намалувањето на тежината. Доволната количина на витамин Д ја внесувате преку сонцето, но во периоди кога нема сончева светлина потребно е да внесувате суплементи.

Железо- произведува енергија од хранливите состојки и пренесува кислород до клетките. Колку повеќе кислород има во мускулите, толку повеќе се намалуваат мастите. Се наоѓа во месото, спанаќ, грашок. Потребно е и внесување витамин Ц за да се апсорбира железото.

Магнезиум- одговорен е за произведување енергија, сила и флексибилност на мускулите. Недоволен внес може да предизвика грчеви  и болки. Магнезиумот исто така го одржува крвниот притисок нормален и го регулира шеќерот во крвта, и двата се неопходни за намалување на тежината.

  1. Одмор- на телото му е потребно доволно одмор за да може нормално да ги извршува сите функции. Тоа значи доволно спиење, минимум 6-8 часа. Во текот на спиењето се регенерираат истоштените мускули и ќе бидете спремни за активностите за следниот ден. Енергијата, фокусот и расположението ќе ви се подобрат, кои се клучни во целиот процес на слабеењето.