Дали наутро не можете да се одлепите од кревет и покрај тоа што се одвоиле доволно часови за спиење или пак толку сте сонливи што ни после шоља или две од вашето омилено кафе не можете да си дојдете при себе?
Можеби станува збор за пролетен замор. Многу актуелен проблем на денешниов брз начи на на живот кој се јавува кај секој втор човек од популацијата. Но тоа сепак не е болест туку е состојба на организмот, и е реверзибилна појава што најчесто се јавува на почетокот на пролетта, а завршува до средината на мај.
Експертите велат дека тоа е одговор на дисбаланс или пореметување на хормоните кои што лачат повеќе во зима. Всушност зимата го приспособува нашето тело на штедење на енергија за да не се лади дополнително и тогаш се лачи мелатонинот кој е основниот виновник за поспаноста, а се намалува сератонинот кој е главен одговорник за нашата среќа.
Прашање е сега како да си ја вратиме енергијата и квалитетот на нашиот живот и како да се спасиме од оваа изнемоштеност?
Ние го имаме ова решение и ги препорачиваме следниве совети:
1. Рехидрирајте се себеси, пијте доволно количество на вода најмалку 2-3л на ден. Можете обична вода, вода со електролити, вода со растворено капаче гел од алое вера, или познатата саси вода со џумбир, краставица, листови нане и лимони.
2. Пролетта ви нуди разноврсна избалансирана исхрана со многу растителни влакна од разно-разно овошје и зеленчук
3. Умерена физичка активност не префорсирање со теретани и напорни тренинзи,туку долги прошетки или возење велосипед, а после тоа топла миризлива купка која ќе ја подобри вашата циркулација.
4. Некои уживаат и во длабоко дишење и користење на техника за опуштање, знаат да медитираат и да се опуштаат со некој час јога.
5. Неопходен е внес на суплименти т.е. додатоци на исхрана со оптимално избалансирани количини но да не се претерува ни со нив. Ќе потенцирам доволно внес на витамин Ц од 500-1000mg на ден, витамини од В-групата, минерали како цинк и селен, коензим Q10, сибирски жен-шен, а ќе го напоменам и магнезиумот кој е многу важен за опуштање на мускулите и l-tryptophan и олигоелементи.
За разлика од овој пролетен замор синдромот на хроничен замор знае да трае подолг период значи повеќе од 6 месеци до 1 година. Во тој случај треба да обрнете внимание на:
- нови и нови појави на несовладлив замор
- замор кој се јавува без посебен напор и кој не поминува ни после одмор
- постојана, благо повишена телесна температура
- болки и слабост во мускулите
- отечени и остливи лимнифни јазли на вратот и под пазувите
- збунетост, заборавеност без способност за концентрација
- болка во грло,главоболка
Овие симтоми се толку слични на други болести како на пример грип, депресија, артритис, болести на тироидна жлезда, лупус итн.
Затоа е неопходно добар разговор со вашиот доктор кој со низа лабараториски анализи ќе ги одстрани сите сомненија за постоење на некоја од предходно наведените болести. Оваа болест е многу слична на грип но не е заразна, а исцрпеноста која ја осеќате е толку се поприсутна што не се повлекува ни по долг одмор. Болеста не е прогресивна и знае да трае и до 6 месеци и повеќе,но на крајот секогаш одговара со опоравување.