Секој понекогаш се чуствува вознемирен, но некои луѓе се толку често вознемирени или имаат епизоди на страв наречени напади на паника што сето тоа им го попречува нормалниот живот.
Кога ќе се соочите со потенцијално опасна ситуација на пример со големо страшно куче, анксиозноста е здрав одговор на организмот. Чуствувајќи ја опасноста, вашиот мозок сигнализира ослободување на хормони за да го подготви телото да се одбрани. Кај многу луѓе овој одговор се активира дури и кога нема очигледна опаснот.
Таквата реакција може да биде штетна и да предизвикува исцрпеност, слаба концентрација, чуство на оттуѓеност од себе или од околината, главоболкли, стомачни болки и зголемување на крвниот притисок.
Анксиозното растројство постои во две основни форми
1. Генерализирано анксиозно растројство
Хронична состојба која вклучува повторливо чуство на загриженост, придружено со благи физички симптоми.
2. Напад на паника
Се појавува ненадејно и неочекувано, со толку сериозни симптоми што овие епизоди често погершно се толкуваат како срцев удар или друга состојба опасна по живот.
Што ги предизвикува?
Научниците веруваат дека централниот нервен систем на луѓето со анксиозни нарушувања претерано реагира на стрес и дека е потребно повеќе време за да се врати во помирна состојба.
Анксиозноста може да започне со вознемирувачки настан (несреќа, развод...) или некоја причина што сеуште не е откриена. Може да има и биохемиска основа, луѓето склони кон напади имаат повисоки нивоа на млечна киселина во крвта, произведена хемиски кога мускулите го метаболизираат шеќерот без доволно кислород.
Симптоми
Акутна анксиозност
- претеран став
- забрзано чукање на срцето и забрзано дишење
- прекумерно потење, треска или топли бранови
- сува уста
- вртоглавица
Хронична анксиозност
- мускулна напнатост, главоболки и болки во грбот
- несоница
- депресија
- низок сексуален нагон
- неможност за опуштање
Кои додатоци можат да помогнат
Во многу случаи, наместо лекови на рецепт, може да се користат хербални и нутритивни лекови за анксиозност.
Луѓето со анксиозност треба да примаат повеќе калциум, магнезиум и комплекси на Б витамини.
- Калциум 500mg 2x1 после доручек
- Омникум магнезиум + Б6 1x1 после доручек
- Б-комплекс 1x1 после доручек
- Екстракт од валеријана 250mg исто така може да помогне но бидете внимателни затоа што валеријаната предизвикува поспаност
- Кантарион чај или таблети од 300mg 3x1
- Омникум CBD 5mg (канабидол) 2x1 најмногу се користи во денешно време за вакви состојби.
Техниките за дишење често можат да помогнат при паничен напад
Вдишете длабоко преку нос, и полека издишете преку уста. Повторете неколку пати додека не почуствувате смиреност.
Исто така намалете го конзумурањето на кофеин, алкохол и вишок шеќери кои можат да предизвикаат анскиозност.