Дали се воздржувате од алкохол додека доите?
Нема прашања за тоа, алкохолот е табу тема за бремените и жените кои дојдат. Но, кога доите од време на време може да се почестите со пијалок, или не?
Новогодишна ноќ, божик, велигден, роденденска забава... Има случаи кога чаша вино е дел од тој настан.
,,Ахх да не беше ова слатко бебе кое ќе сака повторно за два часа да се дои, ќе се напиев една чаша”
Дали е дозволено да се пие алкохол додека се дои?
Експертите советуваат да не се конзумира алкохол додека се дои. Акохолот влегува во мајчиното млеко преку крвта. За чаша вино (0,2л) што содржи 19грама чист алкохол, тоа значи околу 0,38 промили во крвта на мајката и во млекото. Оваа вредност зависи и од генот, возраста, тежината и од тоа дали е конзумирано на празен или полн желудник. Исто така не може со сигурност да се каже дека по истекот на часовите мајчиното млеко е без алкохол.
Што прави алкохолот во мајчиното млеко?
Точно е дека не целата количина на алкохол во испиеното млеко влегува во крвта на бебето, но преостанатите количини имаат ефект:
• Бебињата спијат пократко и понемирно;
• Алкохолот ги иритира мајчините хормони;
• Количината на млекото се намалува, што може да доведе до проблеми со доењето;
Половина чаша вино нема да го стори ова. Но, доколку доилките би се придржувале кон препораките:
• Пијте што е можно помала чаша алкохол
• Претпочитајте пијалоци со помала количина на алкохол
Алкохолот својот врв го достигнува половина час по конзумирањето, па дојте пред да наздравите, како би направиле поголемо растојание до следниот оброк на бебето.