Исхрана во период на адолесценција - Фармацевтски техничар Билјана Стојаноска

 

Здравата, разновидна, правилно избалансирана исхрана е основна причина да си здрав и во
топ форма. За жал тоа не е случај кај сите адолесценти, најчесто тие јадат еднолична храна и
брза храна што е многу повкусна но не и корисна.


Конзумирајте свежо сезонско или длабоко замрзнато несезонско овошје и
зеленчук.

Нека тоа биде барем еден оброк во денот, благодарение на растителните влакна во
ваквата храна, а и изобилството на витамини и минерали ќе ви ги збогати дневните потреби од истите.

  · Месо - навистина е богато со протеини и витамини од В-групата, но содржат и непожелни
маснотии. Поради тоа треба да се избегнува црвеното и свинското месо, а да се комзумира
јунешко и пилешко месо. А ако не сте љубител на месо, тогаш заменете го со грашок,
компир, ориз, млеко и млечни прозводи.

  · Риба - барем еднаш во неделата имајте ја на менито, таа ги задоволува дневните потреби од
Д-витамин и незаситени омега масни киселини.

  · Јајца -секако барем еднаш неделно.Леб/интегрални тестенини - ако е возможно заменете ги белите со интегрални печива од 'ржен јачмен, овес, пченица, пченка...

  · Грав, грашок, леќа и др мешункасти производи – содржат состојки за добро варење на
храната.

  · Јогурт, млеко и нивни производи - се идеален извор на белковини но ако внимавате на
линијата тогаш употребувајте со низок % на масленост.

  · Шеќери, слатки и чоколади – избегнувајте ги или заменете ги со овошје свежо, сушено
или јаткасти производи (ореви, лешници, бадеми,..)

 · Масти и брза храна – избегнувајте, затоа што не се здрави, дебелат, а не ти даваат ни
грам од она што ти е непходно за развој.

 · Вода - нека пиењето вода ви биде најдобрата навика, не заборавај да испиеш најмалку 8
чаши вода во денот. Водата ќе ве хидрира, ќе ви го врати тонусот на клетките и ќе ви го балансира 
метаболизмот.

Добрата исхрана е пресудна за здрав адолесцент.

Но како што растат децата нивниот
избор на намирници станува се потесен и потесен, а не постои намирница што има све 
и ќе ги задоволи сите ваши потреби. Затоа не е грешка да се уклучат и суплементи кои ќе ги
надокнадат сите ваши барања и ќе помогнат во надоместување на недостатокот на некои
хранливи материи во и онака оскудната палета на исхрана што си ја нудите.

За тоа кои суплементи најчесто се користат во адолесцентскиот период, ќе можете да прочитате во мојата следна статија.