ИЗJАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

 

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

Со оваа Изјава за приватност се објаснува видот на лични податоци што ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ во својство на Контролор на лични податоци (во натамошниот текст: Контролор), ги собира преку системот за вршење на видео надзор поставен во аптеките АЛПИ ФАРМ.

Покрај тоа, со Изјавата детално се појаснува како ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ ги користи овие податоци.

 

1. Зошто ги собираме (обработуваме) Вашите лични податоци?

ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ ги собира Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор поставен во аптеките АЛПИ ФАРМ, за да обезбеди 24 часовна заштита и сигурност во аптеките и безбедност на вработените, пациентите и другите посетители, како и на имотот. Поконкретно, видео надзорот е поставен за да се спречи, открие, испита кражба на лекови, медицински средства и останатите производи во аптеките, како и закани по безбедноста (животот и здравјето) на вработените, пациентите и другите посетители заради природата на работата.

Системот за вршење на видео надзор не се користи за ниту една друга цел, освен за погоре наведената.

Видео камерите се поставени така што обезбедуваат единствено визуелни снимки на физичките лица (ликот и физичкиот изглед на лицата, вклучително и малолетни лица) кои ги посетуваат аптеките АЛПИ ФАРМ.

Камерите за видеонадзор се поставени и фокусирани така што го снимаат пултот каде се врши наплата и каде што се издаваат лекови, медицински средства и други производи, како и полиците со лекови, медицински средства и други производи, при што ги снимаат вработените, пациентите и другите посетители во аптеката кога ќе влезат во нивниот фокус.

Системот за вршење на видео надзор не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази за внатрешни истраги во ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент поврзан со целта заради која е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до надлежните органи во рамките на формална кривична постапка).

2. Какви податоци собираме?

Преку системот за вршење на видео надзор, ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ собира само визуелни снимки од физички лица (ликот и физичкиот изглед на вработените, пациентите и другите посетители на аптеките АЛПИ ФАРМ). Притоа, не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?

ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Јасминка Патчева и Весна Мишевска, директори на ПЗУ АЛПИ ФАРМ се контакт лица и одговорни лица за вршење на видео надзор.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор?

ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ користи опрема за видеонадзор за:

  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата,

  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од аптеките само за безбедносни цели,

  • заштита на животот или здравјето на луѓето,

  • заштита на сопственоста.

 

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот на аптеките АЛПИ ФАРМ, во кои се врши видео надзор, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на вработените, пациентите и другите посетители да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

 

5. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор.

Пристапот до дигиталните видео рекордери (DVR-и) на кои се чуваат видео записите е ограничен на администраторот и неговиот заменик, кои се овластени од страна на директорите на ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ.

Пристап и увид до личните податоци обработени преку системот за вршење на видео надзор имаат единствено лица кои се овластени од страна на најмалку еден од директорите на ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ.

Пристапот е заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од овластените лица)

 

6. Како да ги контролирате Вашите податоци?

Може да испратите барање на е-пошта на info@alpifarm.mk, на адреса ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или да го доставите во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ.

 

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да побарате потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, како и да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање преку е-пошта: info@alpifarm.mk­­­­­, до ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ, ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или со доставување на барање во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ. Образецот на барањето, можете да го преземете на следниот линк: https://apteka.pluspharma.mk/alpifarm .

 

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот од извршениот видео надзор.

 

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ е-пошта на info@alpifarm.mk, На адреса ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или со доставување на барање во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ, во случај кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога нам повеќе не ни се потребни податоците за остварување на целите на обработката.

Вие исто така, можете да ја ограничите обработката и кога обработката е незаконита, а Вие се спротивставувате на бришењето на личните податоци.

Сепак, ограничувањето на обработката на Вашите лични податоци не е можно во случај на службена истрага.

 

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете Вашите податоци во секое време со испраќање на барање на ПЗУ АПТЕКА АЛПИ ФАРМ на е-пошта info@alpifarm.mk, на адреса ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или со доставување на барање во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ, во случај кога личните податоци биле незаконито обработени или повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани.

 

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со трети страни?

Вашите лични податоци ги чуваме и не ги споделуваме со други лица, освен ако Вие не побарате или пак дадете согласност истите да бидат споделени.

Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

 

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на е-пошта на info@alpifarm.mk, на адреса ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или со доставување на барање во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ, кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација. Ние ќе постапиме по Вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

 

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да не известите со испраќање е-пошта на info@alpifarm.mk, на адреса ул. 2-ра Македонска бригада бр.9/2, 1000 Скопје или во најблиската аптека АЛПИ ФАРМ, и да побарате да преземе конкретна активност.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци Маријана Марушиќ Кос на e-mail: marijana@marusic-kos.mk.

Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, којa ќе постапи по Вашето барање и ќе ги преземе потребните мерки.

 

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе влезете во фокусот односно видокругот на камерите кои се поставени во аптеките АЛПИ ФАРМ и трае додека не излезете од фокусот односно видокругот на камерите.

 

15. Безбедност на личните податоци

Ние сме посветени на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, обезбедуваме соодветни технички и организациски мерки за безбедност при обработката на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор со кои се гарантира заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на Вашите лични податоци. Ние ги штитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и неовластена употреба или откривање на податоците.

 

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Снимките од видео надзорот, односно Вашите податоци ги чуваме до исполнување на целта заради која се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена, сметано од денот кога е направена поединечната снимка.

По истекот на рокот од 30 дена, снимките од видео надзорот автоматски се бришат.