Кога летните месеци се на прагот, Рота вирусот е првиот непоканет гостин кој ги напаѓа децата! Како да ги препознаме симптомите и како да ги заштитеме најмалите?
Рота вирусот е инфекција која е најзастапена кај новороденчињата и децата, се карактеризира со тешки облици на дијареа и дехидратација, а со оглед на тоа е сега сезона на вируси како и сегашниот COVID-19, за таа цел ги издвојуваме најважните информации и совети.
Рота вирус е еден вид на инфекција која е најкарактеристична кај децата во предшколска возраст т.е деца од 0-5 години. Како најзагрозени се доенчињата, но епидемиолошки почесто е во градинките. Кај децата до 5 години нивото на заразност изнесува и до 95 %, а постои можност и за негова реинфекција.
Педијатрите советуваат: Тоа е вирус кој го напаѓа дигестивниот тракт и предизвикува карактеристична клиничка слика со повраќање, проливи, зголемена телесна температура.
Како се пренесува и како да го детектираме Рота вирусот?
Рота вирусот е присутен насекаде во околината т.е се пренесува преку воздухот, допир, делење прибор за лична хигиена или прибор за јадење. Карактеристично за Рота вирусот од останатите е начинот на пренесувањето.
Рота вирусот има 2 начина за влез во организмот:
Орален пат: кога детето ќе го внесе вирусот во уста преку рацете, преку играчка или преку површина која била контаминирана од заразено лице.
Преку капки: вирусот се наоѓа во мали капки во плунката на заразеното лице и истиот се шири преку говор низ воздухот.
Рора вирусот се наоѓа во фецесот на детето, истиот останува присутен и по 10 дена по смирување на симптомите.
Детекција се врши преку анализа на фецесот на детето.
Рота вирусот се задржува на површината и на предметите и по неколку недели откако заразеното лице ги допирало. Затоа исклучиво е важна дезинфекција на секој предмет, како и редовно миење на рацете и проветрување на просториите каде престојувало заразеното лице, бидејки постои можност од негова реинфекција.
Симптоми
Симптомите на рота вирус се најистакнати кај децата, дури и истите можат да се појават 2 дена непосредно по контактот со заразното лице. Како најчест симптом кој го карактеризира вирусот е сериозниот и агресивен пролив, но исто така тука спаѓаат и следниве:
-повраќање
-црна столица
-крв во столицата
-замор
-болка во стомакот
-дехидратација
Многу е важно да ја издвоиме Дехидратацијата.
Најголемата грижа е сепак кај децата , бидејки истите имаат голема загуба на електролити преку проливот и повраќањето, со тоа што тие имаат помала телесна тежина.
Превентива
Вакцина против рота вирус, делува превентивно со што го јакне имуниот систем создавајки специфични антитела против вирусот.
Доенчињата до 6та недела се природно заштитени од рота вирусот, бидејки во нивниот дигестивен тракт сеуште нема рецептори каде би можел да се врзе рота вирусот, но новороденчињата се најдобор заштитени со антитела кои ги добиваат преку мајката од постелката.
Третман
Кај овој вид на вирус нема конкретни лекови ниту антибиотици кои делувале со успех. Како најдобар третман при оваа инфекција се следниве :
-рехидратациски раствор ОРС
-надополна на витамини и минерали
-пробиотици
Како најдобар избор на од пробиотиците би го издвоиле Lactobacillus rhamnosus GG. Ова е еден од најистражуваните пробиотски бактерии. Тој е нормално присутен во нашите црева и помага во одржување на рамнотежата на цревната микрофлора. Влакнест пробиотик кој со своите флексибилни трепки (цилии) се врзува за цревната слузница и успешно се бори против штетните бактерии. При трерман со овој тип на пробиотик се намалуваат тегобите при оваа инфекција, секако може да се користи и како превенција.