Сонцето сјаје, никнуваат првите цвеќиња - но ние мораме да кивнеме! Дали е тоа алергиски ринитис познат и како риноконјуктивитис, алергија на полен? Или можеби станува збор за обична настинка? Постои многу мала разлика помеѓу алергија и настинка. Типичен симптом на настинка е кашлањето, кое пак не се појавува кај алергиите. Но сепак постојат форми на алергии во кои (на пример: грини од домашна прашина) со сигурност можат да предизвикаат иритација на грлото или стеснување на бронхиите. Природата на назалната секреција исто така помага при проценката. Течење водена слуз укажува на алергиски ринитис, но во случај на настинка оваа појава ја има само на почетокот, потоа конзистентноста на слузта е поинкава и има од жолтеникава до зеленикава боја.
Солзење на очите,чешање во областа на очите и носот, црвенило околу очите... сето ова се среќава само кај алергија од полен.
Алергиските појави се јавуваат веднаш штом дојдете во контакт со некој виводви растенија, дрвја или пак трева - во зависност од годишното време. Ваквите врски честопати го ослеснуваат идентификувањето на алергијата како таква. Оние кои страдаат од алергиски ринитис обично чуствуваат намалување на симптомите кога се во затворен простор.
Ненадејната појава на симптомите е типична за алергиски ринитис,додека кај настинката често се најавува еден два дена однапред со мало гребење на грлото, главоболка... со цел да се зголеми до максималната форма и да се смири за една до две недели. Додека пак кај овие алергии може да се чуствуваат симптоми со недели.
Како може да се спречат овие алергии?
Идентификувањето и избегнувањето на предизвикувачите на алергијата се во спречување на алергиските реакции и намалување на симптомите. Исто така треба да се избегнува изложеноста на специфични алергени и да се зголеми внесот на калциум и витамин ц во организмот.
Третман:
Како и со другите алергии најдобар третман е да се избегне алергенот. Не постои лек кој би можел да ја спречи појавата на овие алергии, но има лекови кои би помогнале за ублажување на симптомите како што се: антихистаминици, деконгестивите, леукотриенските антагонисти, корткикостероидите и имунотерапијата за алергии.