Дамките на кожата и другите осипувања на кожата се карактеристика на акните. Некогаш хронична состојба на лицето, грбот, градите, рамената и другите делови од телото. Најчеста форма (acnis vulgaris) вклучува црни точки, црни точки со бел врв и подигнати црвени дамки со полуцврста содржина во центарот. Во тешки случаи (цистични акни) група болни цисти исполнети со течност или цврсти, кои се појавуваат под кожата.
Двата случаи можат да доведат до трајни вдлабнатини и лузни на кожата. За тинејџерите, акните можат да бидат особено непријатна и емоционално тешка состојба. Акните главно ја погодуваат кожата во основата на фоликулите на влакната на кожата. Оваа густа, мрсна супстанција нормално се ослободува од порите за да ја задржи кожата мазна и здрава.
Ако себумот остане под кожата, може да се формираат комедони, кои ги затнуваат порите и предизвикуваат мозолчиња. Хормоналната нерамнотежа може да доведе до прекумерно производство на маснотии, за време на адолесценцијата, особено кај момчињата. Кај жените менструалните циклуци или бременоста исто така може да предизвикаат хормонално нарушување што предизвикува појава на акни.
Други причини исто така се емоционалниот стрес, тесна и не памучна облека, одредени лекови, особено стероиди, контрацептивни лекови кои влијаат на нивото на хормоните. Кај некои луѓе се појавуваат и од одредена храна што ја конзумираат.
Како да си помогнете?
Секојдневна хигиена, со користење на сапун и вода. Урамнотежена исхрана, избегнувајте ја онаа храна што мислите дека ви ги активира акните. Одбирајте козметички препарати со ознака "не предизвикува комедони" или без масла, но постојат и лосиони кои во својот состав содржат антибиотик (клиндамицин и хлорамфеникол).
Не ги истиснувајте мозолчињата затоа што предизвикува појава на лузни.
Суплементи кои можат да помогнат се:
Витамин Б6 50 mg. еднаш, наутро.
Витамин Ц 500 mg. два пати на ден.
Витамин Е 400 mg. еднаш дневно.
Селен 200 mcg еднаш дневно.
Цинк 25 mg. еднаш дневно.
Кожата е најголемиот човечки орган, затоа негувајте ја!