Осипот од пелена е еден од најчестите проблеми со кожата во најраната возраст на вашето бебе. Често се препознава со мало црвенило во регионот на пелени. Пеленскиот осип може да биде болен за вашето бебе, овој феномен е за среќа ретко сериозен.
Осипот од пелена најчесто влијае на чувствителната кожа на вашето бебе во случај на подолг контакт со урина или столица. Газето на вашето бебе може да има црвени дамки или целата област да е црвена. Кожата може да изгледа воспалена и топла на допир, тоа најчесто започнува со лесно црвенило во пределот на пелената.
Обично не ги зафаќа деловите од телото каде има кожни набори.
Кожата станува потемна, чувствителна, а бебето вознемирено. Деловите околу газето и горниот дел од бутовите може да бидат зацрвенети, исто и може да се развијат и ограничени делови на сува и перутава кожа.
Нашите совети кои би помогнале се:
Користење пелени што ја впиваат влагата, ибегнувајте тесни пелени. Често да се менуваат пелените така што ќе се чува кожата сува, но внимателно со менување на пелени од различни производители!
Употребa на заштитен крем со цинк за да се спречи кожна иритација.
Исплакнете го делот под пелената при секое менување со млака вода или со чај од камилица и убаво исушете ја регијата пред да се стави следната пелена. Наизменично користете масло од кантарион и крем кој одговара на кожата на вашето бебе.
Кантарионот одамна е познат како растение кое помага во зараснување на раните, ја смирува кожата и помага при обновување на кожата. Избегнување продукти што ја иритираат кожата (алкохол, мириси, дeтергенти), посебно внимание на влажни марамици кои содржат алкохол!
Пеленската регија оставајте ја почесто откриена.Секогаш мијте ги рацете пред да користите крем за пелени. Ова ќе помогне да се намали бројот на бактерии кои можат да влезат во кремот од вашите раце.
При секое менување пелена премачкајте ја зафатената кожа со тенок слој крем наменет за ваков тип промена, за да се создаде заштитна бариера меѓу кожата на бебето и столицата и урината што се собираат во пелената.