Аптека Ирис - Кривогаштани, Прилеп

с. Кривогаштани
Аптека Ирис – Кривогаштани работи од 2005 год. Аптеката располага со широк асортиман на лекови,помошни лековити средства и козметика,а исто така има склучено договор со ФЗОМ.

Лоцирана е во центарот на Кривогаштани и со тоа е лесно достапна за сите пациенти. Регионалниот пат за Крушево кој минува пред неа и овозможува лесен контакт со пациентите од таа општина како и од околните села : Алданци, Норово, Бучин. Често ја посетуваат и од општина Долнени, во потрага по добро снабдена аптека.