Аптека Адонис - Струмица

ул. 24 Октомври ламела 3,4 и 5
Аптека Адонис е основана во март 2002 год. Се наоѓа во центарот на Струмица во близина на градскиот парк и пицерија Елизабет.

Покрај голем избор на лекови и помошни лековити средства, има и богат избор на козметика, голема палета од машки и женски тоалетни води и дезодоранси од програмата "BI-ES" по прифатливи цени. Аптеката веќе повеќе години располага со ортопедски обувки на реномираниот француски производител "Dr.Luigi", како и германската колекција за нега на раце и стапала "Titania".